Без победник заврши дербито  од 13. коло во Премиер лигата помеѓу Челзи и Манчестер Јунајтед.

Гостите поведоа во 50. минута по големата грешка на инаку одличниот Жоргињо. Клучниот играч на Челзи загуби чиста топка во центарот, со што му донесе контра на Џејдон Санчо, кој со топката истрча кон голот, а потоа лесно постигна гол.

Ова е прв првенствен гол за крилниот напаѓач за кого Јунајтед летово и плати 85 милиони евра обештетување на Борусија Дортмунд.

Жоргињо се извади за грешката со реализација на  досудениот пенал во 69. минута откако Арон Ван-Бисака го собори Тиаго Силва во шеснаесетникот на гостите. Погоди за конечни 1:1.

Челзи со овој бод го задржа првото место, но Сити и Ливерпул со денешните победи се доближија на само еден бод и два бода.