Манчестер Сити победи против Лајпциг со 6:3 на стартот од новата сезона во Лигата на шампионите, по првото полувреме водеше со 3:1 но Гвардиола покажа дека не е задоволен.

Шпанецот реши да им одржи мини лекции на Грилиш и на Марез на патот кон соблекувалната.

„Разговаравме за тоа како треба да играме а тоа не се случуваше и нормално е ова да се случи. Тие се многу добри, отвораат простор за останатите но не работеа доволно добро во одбрана.“ – изјави Гвардиола.