Во текот на мечот меѓу Челгхоум и Батна во втората алжирска лига, се случи бизарна ситуација кога момче кое ги собира топките излезе на терен и спречи гол. По интервенцијата на момчето, судијата досуди пенал за гостите.

Пред самиот крај домаќините губеа 4:3 и тргнаа во напад, но ја изгубија топката.

Гостите тоа го искористија и тргнаа во контра напад, како би го решиле прашањето за победникот бидејќи голот беше празен.

Топката одеше кон празната мрежа, а момчето излета на терен и спречи гол.

Ваквите ситуации не се регулирани, но судијата помалку неочекувано покажа на белата точка, па на крајот гостите дојдоа до победа од 5:3.