Репрезентацијата на Македонија до 21 година  забележа пораз од селекцијата на Франција 0-1 во рамките на квалификациите за Европското првенство.

Избраниците на селекторот Драган Канатларовски одиграа храбро и црвсто против големиот фаворит , но една грешка на стоперот Манев во 78.минута беше доволна за Франција да постигне погодок, кој на крајот се покажа како решавачки.

Франција имаше многу повеќе шанси, додека момците на Канатларовски ја чекаа својата шанса преку контра нападите.

Таква една дојде кон крајот на првиот дел, каде што Илиевски излезе еден на еден против голманот Мелие, но, тој беше поуспешен во овој дуел , што беше единствената закана на Македонија на овој натпревар.

Со овој пораз, нашата селекција остана на бројката од шест бода и е на делба на третото место.

Французите, пак се лидери со 16 бодови и со сигурен пласман на Европското првенство