Екипата на Удинезе оствари триумф во 31.коло од Италијанската Серија А  на гостински терен против Кротоне со резултат од 1:2.

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски беше во стартниот тим на Удинезе и во 42.минута асистираше за Родриго Де Паул кој го отвори резултатот.

Сими за Кротоне изедначи на 1:1 во 68.минута за во 74.минута повторно Де Паул да се погрижи за конечниот исход на мечот постигнувајќи го вториот погодок за Удинезе.

Во вториот дуел од овој термин екипата на Сампдорија успеа да слави на домашен терен против Верона со 3:1.