Илија Несторовски со гол во 86 минута му донесе победа на Удинезе против Фиорентина во Серија А.

Македонскиот репрезентативец е реализатор на единствениот гол за Удинезе, погоди на 4 минути до крајот на средбата за три бода.

Удинезе сега има 28 бода на 12 место на табелата, Фиорентина остана на досегашните 25 на 16 место.