Фудбалерите на Удинезе го приредија најголемото изненадување во 25 коло од Серија А, откако ремизираа на гостувањето кај Милан со 1:1.

Единствениот гол за гостите го постигна Бечао во 68 минута по асистенцијата на Де Паул. Нашиот репрезентативец Илија Несторовски го одигра целиот натпревар за победничкиот тим.

Милан од петти овосезонски пораз го спаси Кеси со гол од пенал во 97 минута.

Горан Пандев и Џенова ремизираа со Сампдорија 1:1, за домаќинот прецизен беше Запакоста а за гостите Тонели. Пандев влезе во игра во 73 минута на местото на Дестро.

Рома со голот на Сиавара во 90 минута се избори за победа на гостувањето кај Фиорентина од 2:1.

Аталанта немаше мислост против Кротоне, совледувајќи го со 5:1. Каљари ја победи Болоња со 1:0 а Верона беше убедлива на гостувањето кај Беневенто со 3:0.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore