По ремито со Верона во минатото коло, Удинезе успеа да им се врати на победите во Серија А по повеќе од еден месец.

Голот на Окака во 27 минута беше доволен за три бода за домаќините во чиј состав целиот натпревар го одигра нашиот репрезентативец, Илија Несторовски.

За Болоња ова беше втор пораз на последните три натпревари, за Удинезе прва победа по онаа над Милан во воведното коло од новата сезона во Серија А.