Илија Несторовски доби скромна минутажа кај Удинезе кој го совлада Сасуоло со 2-0, македонскиот репрезентативец во игра влезе во 86 минута.

Удинезе запиша победа со головите на Љоренте во 42 минута и Переира во 93 минута за три бода, сега тимот од Удине има 32 на 10 место на табелата, со четири повеќе, Сасуоло е на 9 место.