Фиорентина ја запиша третата победа во низа во калчо лигата, го победи Удинезе со 1-0, Илија Несторовски играше од првата до 63 минута.

Несторовски погоди во 34 минута но неговиот гол беше поништен поради играње со рака на негов соиграч во акцијата по која падна голот.

Фиорентина стигна до победа со гол во 72 минута преку Милинковиќ. Екипата од Фиренца има 11 бода, Удинезе останува на досегашните седум.