Легија Варшава ја победи екипата на Флора од Естонија со 2:1 на првиот меч во рамките второто квалификационо коло на Лигата на шампионите, меѓутоа во центарот на вниманието се најде напаѓачот на полскиот тим Бартош Капустка, кој се повреди при прославата на голот за својот тим.

Уште во третата минута се тресеше мрежата на гостите, меѓутоа при прославата со двете нозе силно на теренот и се повреди. Набрзо после тоа го напушти теренот, а веднаш беше јасно дека станува збор за сериозна повреда, затоа што лекарите влегоа да му укажат помош.

Црното сценарио на крајот испадна вистина, дијагностицирана му е кинење на предните вкрстени лигаменти на коленото. Сега Капутска, наместо реванш против Флора го чека операција, по период на долго опоравување.