Ливерпул и натаму е непоразен тим во Премиерлигата и е на чекор од обезбедување на титулата, го победи и Вест Хем во еден неверојатен натпревар со пет гола и победа од 3-2, херој беше Мане.

Вајналдум го доведе Ливерпул во водство во 9 минута од средбата.

Не се играше многу кога Вест Хем израмни преку Диоп во 12 минута. Гостите стигнаа до пресврт во 54 минута, Форналс погоди за 1-2.

 

Сепак Ливерпул не дозволи изненадување, со головите на Салах и Мане во 68 и 81 минута ја запиша 26 победа на 27. натпревар во Премиерлигата.