Шкупи запиша победа против Ренова со 4-3 на Чаир, прекрасен гол на Шала од 30 метри за гостите, голот вреден победа за домашниот тим е  дело на Бианор Дас Грацас Лима Да Силва Нето кој ги постави конечните 4-3.

Шкупи важеше за фаворит на средбата на Чаир,  успеаа тоа да го потврди  со гол во финишот преку Бианор Дас Грацас Лима Да Силва Нето.

Головите за Ренова ги постигнаа Веља, Шаља и Велиу, за домашните погодија Дарбое, Бериша, Јусуфи и Бианор Дас Грацас Лима Да Силва Нето.

Голот на сезоната досега го има Шаља кој постигна еврогол во 42 минута, Ренова има три порази Шкупи по шестото коло има вкупно четири победи, се наоѓа на втората позиција на табелата.