Калјари има неверојатна серија од 12 натпревари без пораз во низа во која запиша осум победи и четири нерешени средби по дуелот со Сампдорија кој заврши со победа на тимот од Сардинија со  4-3.

Вечерва Калјари два пати губеше од Сампдорија со два разлика (0-2 и 1-3) и успеа да стигне до победа , херој Жоао Педро и Чери кој стрелаше прецизно во 96 минута.

Сампдорија поведе со головите на  Кваљарела и Рамирез со 0-2. Домашните преку Наинголан намалија на 1-2 во 69 минута.

Гостите од Џенова повторно поведоа со два разлика откако Кваљарела со својот втор гол зголеми на 1-3.

Калјари во неворајтен ритам стигна до израмнување со погодоците на Жоао Педро кој два пати стрелаше за само една минута, еден од двата гола беше навистина прекрасен.

Победничкиот гол е дело на Чери во 96 минута за неверојатна победа на Калјари. Со оваа победа екипата од Сардинија останува на врвот со 28 бода на извинредното 4. место и зоната од Лигата на шампионите.