Градското дерби меѓу Леванте и Валенсија заврши со победа на гостите со 2-4, Барди одигра комплетни 90 минути и учествуваше со аситенција за гол.

Леванте поведе со 2-0 со головите на Роџер во 11 и 20 минута од средбата, при првиот гол асистираше Барди.

Пред крајот на првиот дел Валенсија намали на 1-2 со автоголот на Роџер кој ги постигна сите три гола во првите 45 минути.

Комплетен пресврт во вториот дел, Валенсија со головите на  Гамеиро и Торес стигна до победа 2-4 во градското дерби.