Имаше најдобра кога притрча во шеснаесетникот на им помогне на своите соиграчи да ја изнесат топката од казнениот простор, но интервенцијата на Гранит Џака се претвори во прав мал пекол и по него и по Арсенал на гостувањето кај Барнли.

Имено, при водство од 1:0 со голот на Аубемајнг, некаде пред крајот на полувремето Арсенал имаше посед, меѓутоа високиот пресинг на домашниот тим донесе проблеми за дефанзивците на лондонскиот тим, па Џака дотрча да им помогне на двајцата стопери.

Но, беше обратно. Тој откако ја прими топката наместо да ја исфрли, ноншаланто бараше играч на десната страна, а наместо тоа го погоди Вуд, кој ни крив ни должен постигна гол за 1:1

Погледнете ја оваа грешка на Џака, која му е осма сезонава која директно доведува до гол на противникот и по тоа е лидер во Премиер лигата.