Одредени навивачи на Атлетико Мадрид и понатаму не можат да го заборават предавството на Антоан Гризман, кој пред две години исфорсира заминување во Барселона.

Французинот последниот ден од преодниот рок се врати во Атлетико Мадрид, но некои навивачи не можат да преминат преку тоа.

Неверојатна сцена се случи кога Жоао Феликс враќајќи се од тренинг, пред тренинг центарот го застанаа навивачите. Еден од нив бараше од младиот Португалец да го повреди Французинот.

„Жоао, повреди го Гризман, знам дека го сакаш тоа“– кажа навивачот.

До тогаш насмеаниот Феликс го промени изразот на лицето и луто порача:

„Би требало повеќе да го почитувате Гризман.“

Но, навивачот не застана тука и прати нова порака.

„Жоао, удри го силно, во потколеницата.“