Хаотични сцени беа видено по мечот меѓу Бока Јуниорс и Атлетико Минеиро во четврфиналето од Копа Либертадорес, панданот на Лигата на шампионите во Јужна Америка.

Според снимките кои се појавија во јавноста и извештаите во медиумите, бразилската полиција морала да користи солзавец како би ги смирила фудбалерите на Бока Јуниорс кои го загубија мечот по шутирање на пенали.

Глобоеспорте наведува дека фудбалерите на Бока сакале да влезат во соблекувалната во која веќе биле судиите на натпреварот, бидејќи имале замерки за два поништени голови.

Во хаосот кој настанал дошло до тепачка меѓу играчите, користење на апарат за гасење пожар, а потоа и солзавец.