Бруно Фернадеш вчера имаше шанса во судиското продолжение да му донесе бод на Манчестер Јунајтед во мечот против Астон Вила, но успеа да промаши пенал.

За неговиот тим ова е прв пораз во Премиер лигата, а единствениот гол го примија во 88-та минута, после корнер.

Брзо добија шанса за барем бод, но сепак немаше ништо од тоа.

Интересна беше увертирата пред изведувањето на поеналот. Многумина очекуваа дека одговорноста ќе ја преземе Кристијано Роналдо, меѓутоа досегашниот изведувач Бруно Фернандеш дојде на белата точка и овој пат.

Емилијано Мартинез, голманот на тимот од Бирмингем, покажувајќи со прстот кон Роналдо, инсистираше тој да го изведе пеналот, па веројатно на тој предизвика деконцентрација и кај Бруно.