Манчестер Јунајтед полека се подготвува за новата сезона, на воведните контролни натпревари Силскјер им дава шанса на повеќе младинци во тимот како и на оние играчи кои немаа обврси во последните две недели.

На контролниот меч со Брентфорд кој заврши 2:2, Андреас Переира постигна неверојатен гол и потсети на квалитетот поради кој пред неколку сезони беше ангажиран во Јунајтед.