Манчестер Јунајтед и Фулам одиграа нерешено, претпоследен натпревар од сезоната во Премиер лигата за двата клуба, на „Олд Трафорд“ се играше пред публика во ограничен број.

Момент на мечот е неверојатниот гол на Кавани од 40 метри, погоди на маестрален начин, за предност на домашната екипа во 15 минута.

Сепак Фулам не се предаде и со голот на Брајан во 76 минута стигна до израмнување и голем бод од гостувањето во Манчестер.