Бетис и Валенсија одиграа реми 2:2, но од овој меч резултатот можеби нема да го паметат многумина, ама голот на Каналес ќе се памети сигурно.

Бетис на два пати доаѓаше во водство, прво со голот на Набил Фекир во 12-тата минута, па на Серхио Каналес во 42-та.

Валенсија пак два пати израмнуваше, прво преку Гончало Гуедеш во 22-та минута и Карлос Солер од пенал во 61-та минута.

Инаку посебно атрактивен беше голот на Серхио Каналес по еден добро одигран слободен удар, кога Фекир му додаде на Жоакин, а овој до Каналес кој силно шутираше од далечина и погоди.

Со овој бод Бетис останува на петтата позиција со 48 бода, додека Валенсија има 35 на 14-тата позиција.

Standings provided by SofaScore LiveScore