Сампдорија и Удинезе играат нерешено по првото полувреме во Џенова, 1-1, возбудлив натпревар со два гола, еден поништен.

Несторовски веќе во 3 минута постигна гол за гостите, судијата со помош на ВАР го поништи поради офсајд.

Македонскиот репрезентативец во 29 минута го „победи ВАР“, постигна гол за водство на Удинезе од регуларна позиција.

Пред крајот на првиот дел, Габиадини од слободен удар израмнува на 1-1, ремек дело !