Љубителите на европскиот фудбал имаа мало загревање пред официјалниот старт на 26 коло со кое продолжува сезоната во првата Бундес лига.

Второлигашите во Германија денеска одиграа четири натпревари. Бохум славеше над Хајденхајм со 3:0, Ауе беше подобар од Сандхаузен со 3:1, Регензбург ремизираше со Кил 2:2 а Карслуе го совлада Дармштад со 2:0.

 

За издвојување е првиот гол постигнат во Германија по рестартот на сезоната, тој беше дело на Назаров од пенал во 5 минута за водство на Ауе над Сандхаузен од 1:0. Прославата беше несекојдневна…