Се беше во ред, додека неговиот тим водеше со 1:0, а потоа се случија два гола на противничката екипа и резилтатот се промени во 1:2.

Тоа беше знак за лутиот навивач да влезе со кола на терен и да го брка судијата, кој едвај спаси глава.

Сето ова се случи на натпреварот од третата јужноафричка лига, меѓу екипите на Лука Бал Контролерс и на Полокване.

Средбата беше прекината, бидејќи судијата не сакаше нити да слушне повторно да излезе на терен.