Повремениот македонски фудбалски репрезентативец Никола Ѓорѓев ќе остане во Цирих во тимот на Грасхоперс до 2022 година. Никола изминатиот период прикажуваше одлични настапи во швајцарскиот тим, а благодарение на тоа доби нов договор.

Грасхоперс на својата веб-страна објави дека се среќни што потпишале нова соработка со македонскиот фудбалер.