Бобан Николов го запиша првиот гол во составот на Шериф Тираспол, тој му донесе бод  на вечерашното гостување кај Зимбру (1-1), во меч од 10. коло од шампионатот на Молдавија.

Николов за прв пат беше  стартер кај Шериф, постигна гол со кој неговиот тим остана непоразен на гостувањето.

Македонскиот репрезентативец погоди во 34 минута од средбата, Шериф по шест одиграни меча има 13 бодови.