Лече покажа дека нема намера лесно да се откаже од опстанокот во Серија А, откако на домашен терен го совлада Лацио со 2:1 во 31 коло.

Откако им беше поништен гол на домаќините во 2 минута поради играње со рака на Манкосу, гостинот дојде до предност, прецизен беше Касиедо во 5 минута.

Бабачар израмни во 30 минута, астираше Фалко. До крајот на првото полувреме домаќините не реализираа пенал, промаши Манкосу.

Конечните 2:1 ги постави Лучиони во 47 минута.

Standings provided by SofaScore LiveScore