Дербито на 6 коло во Премиер лигата заврши без голови откако Манчестер Јунајтед и Челси на „Олд Трафорд“ немаа среќа при реалзиацијата на шансите.

Домаќините упатија вкупно 16 удари кон голот на Менди, четири од нив завршија во рамките на голот од кои Рашфорд два пати успеа да биде прецизно, но новиот голман на „Сините“ успеа да интервенира.

Едисон Кавани дебитираше за Јунајтед, влезе во игра во 58 минута заедно со Погба.

По ова реми Челси остана на шестото место на табелата а Јунајтед на 15 позиција.