Лајпциг со пресврт од белата точка го совлада ПСЖ со 2-1, откако претходно францускиот првак не реализираше пенал комплетирајќи ја мизерната вечер со два црвени картони и втор пораз во групата Х во ЛШ.

Францускиот шампион дојде во водство преку Ди Марија во 6 минута, а Аргентинецот десет минути подоцна пропушти шанса да го зголеми водството промашувајќи пенал.

Лајпциг израмни преку Нконку пред крајот на полувремето, а Форсберг од пенал во 56 минута донесе целосен пресврт во корист на Германците.

 

Триумф на домашен терен обезбеди и Челси над Рен, Вернер на два пати беше прецизен од белата точка во првото полувреме. Конечните 3-0 за „сините“ беа дело на Абрахам во 50 минута.

Барселона славеше против Динамо Киев со 2-1, откако најпрво Меси од пенал беше прецизен за 1-0, пред Пике да го зголеми водството. Неизвесен финиш донесе голот на Циганков за гостите во 75 минута.

 

Борусија Дортмунд дојде до убедлив триумф од 3-0 на гостувањето кај Клуб Бриж со двата гола на Халанд и Азар.

Мароканецот Ен Нусури е херојот на Севиља, откако со два гола во финишот му донесе триумф на шпанскиот тим, кој се врати од негатива од 2-0, по раните голови на  Сулејманов и Берг од пенал за Краснодар.