Норич со 3-2 го победи Сити и го направи најголемото изненадување во 5. коло во Премиерлигата.

Сити имаше два гола негатива на два пати на мечот  и тоа со 2-0 и 3-1, стигна до неизвесна завршница но не и до бод  од оовј натпревар.

„Канаринците“ поведоа со головите на МекЛин и Кантвел. Серхио Агуеро намали на 2-1, но сензацијата од Финска, Пуки повторно носи предност од два гола за Норич.

Конечните 3-2 ги постави Родри во 88 минута. За Сити ова е прв пораз сезонава во која во Премиерлигата само Лоиврпул има пет од пет.