Иако Тотенхем релативно рано, уште во 13. минута, поведе со голот на Јан Вертонген, тоа не му беше доволно за пласман во четврт-финалето на ФА Купот. Со тоа пропадна и последната шанса Тотенхем да освои некој трофеј во оваа сезона. Мурињо не ги оправда очекувањата.

Во 78. минута Дрмиќ го шокираше домашниот состав, откако искористи грешка на голманот на Тотенхем и ја погоди одбиената топка.

По продолженијата без постигнат гол, се изведуваа пенали. Кај Тотенхем промашија тројца – Ламела, Парот и Желсон, додека Норич не погоди само еднаш.

Норич утре ќе го добие својот четврт-финален противник, а тоа ќе биде подобриот од дуелот меѓу Дерби и Манчестер Јунајтед.