Шпанскиот првак Реал Мадрид остана без триумф и на второто последователно гостување во Ла Лига, откако вечерва одигра 1-1 против Виљареал.

Натпреварот имаше совршен почеток за „кралскиот клуб“, кој стигна до рано водство преку Мариано во неговиот дебитантски настап.

Сепак, Виљареал со гол од пенал преку Морено во 76 минута спречи триумф на Реал, кој во претходното коло доживеа висок пораз кај Валенсија со 4-1. Пеналот дојде како подарок од Куртоа, откако голманот на Реал непотребно го фаулираше Чуквуадѕе.

Виљареал остана втор на табелата во Ла Лига со 19 бодови, два повеќе од четвртиот Реал.