По четири кола во Премиер лигата , Манчестер Јунајтед освои само 5 бода откако денеска ремизираше со Саутемптон 1:1.

Воведната пресметка од новата рунда во елитата на Англија донесе два гола, црвен картон за домаќините и нова фрустрација за Солскјер.

Во првото полувреме, по воведната иницијатива на Сауптемтон, Јунајтед ја врати контролата над играта и преку Џејмс поведе со 10 минута.

Домаќинот во второто полувреме време агресивно и ова го круниса со гол преку Вестергард во 58 минута.

Во продолжение на средбата Дансо заработи црвен картон но и покрај ова, Јунајтед не успеа да дојде до трите бода иако имаше шанси преку Гринвуд, Џејмс и преку Рашфорд.

По интернационалната пауза, во 5 коло од Премиер лгиата, Јунајтед ќе го пречека Лестер а Саутемптон ќе гостува кај Шефилд Јунајтед.