Реал Мадрид никако да ја најде вистинската формула на стартот од новата сезона. По ремито со Валјадолид минатото коло на домашен терен, „кралевите“ освоија само бод на гостувањето кај Вилјареал во 3 коло од Ла лига.

„Жолтата подморница“ прва дојде до водство, Морено го совлада Куртоа во 12 минута. Бејл донесе израмнување пред крајот на полувремето.

Гомез во вториот дел, поточно во 74 минута по втор пат го натера Куртоа да ја вади топката од својата мрежа.

Герет Бејл израмни во 86 минута а во судиското надополнување набрзина за 2 минути заработи црвен картон.