Најдобриот кошаркар на Реал Мадрид, Серхио Љуљ,  повторно беше во центарот на вниманието откако постигна неверојатен кош. Љуљ само пред 10 дена го освои СП во Кина со селекцијата на Шпанија, а синоќа играше за Реал Мадрид против Фуенлрабрада во рамки на Суперкупот.

Интересно е тоа што овој меч го следеше Лука Дончиќ кој кога и да има можност им дава подршка на своите поранешни соиграчи.