Еден од најдобрите фудбалери во Азија се наоѓа пред преселба во англиската Премиер лига.

Како што јавува порталот „Goal.com“, јужнокорејскиот репрезентативец Хи- Чан Хванг би можел ова лето да се пресели од Лајпциг во Евертон.

Хванг ја завршува првата полна сезона во бундеслигашот каде пристигна од Салцбург. Таму беше брилијантен со 16 голови и 22 асистенции на 40 одиграни натпревари во сезоната 2019/2020, а клубот го напушти после 45 погодоци на 126 натпревари.

Сепак, тоа што во Лајпциг стагнираше, не ги ремети плановите на Евертон да го доведе во своите редови и да му даде шанса да продолжи таму каде што застана пред доаѓањето во Лајпциг.

Добар дел од причината за неговиот пад во формата, само два гола цела сезона претставува и нешто потешкиот облик на инфекција од ковид 19, поради кој во текот на зимата пропушти повеќе од еден и пол месец, а тек потоа полека се враќаше во форма.