Фудбалерите на Тотенхем го победија тимот на Њукасл на гости со 3:2, во натпреварот од осмото коло во Премиер лигата.

Домашниот тим поведе во втората минута, кога Калум Вилсон погоди со глава. Клубот од Лондон стигна до пресвртницата со головите на Танги Ндомбеле во 17. минута, Хари Кејн во 22. минута и Хјун Мин Сон во четвртата минута од продолжението во првиот дел.

Њукасл играше со играч помалку во 83. минута, откако вториот жолт картон го доби Џонџо Шелви. Сепак, до крајот на натпреварот тие успеаја да го намалат резултатот, бидејќи Ерик Даер си постигна автогол во 89. минута.

Мечот беше прекинат во 40. минута, откако на еден од навивачите му се слоши на трибините, а судијата Андре Маринер ги испрати играчите во соблекувалната.

Тотенхем е петти на табелата во Премиер лигата со 15 бодови, додека Њукасл е на претпоследното место со три бода. Ова беше прв натпревар на Њукасл, откако беше официјално продаден на конзорциум од Саудиска Арабија на 7 октомври.