Рома под раководство на Жозе Мурињо блеска, шест победи од исто толку натпревари, во домашното првенство и Конференциската лига, ги подгреаја надежите на навивачите дека „волчицата“ гризе шампионски.

Добри вести за Жозе Мурињо, Рома објави дека го продолжува договорот со Лоренцо Пелегрини на нови три сезони, тој има 25-години, и соработката завршуваше оваа сезона.

Пелегрини е капитен на Рома, во Конференциската лига запиша гол „ала Тоти“, навивачите го гледаат како наследник на легендарниот играч на „волчицата“. Пелегрини ќе заработува 3 милиони евра по сезона согласно новиот договор, во Рим дојде во 2017 година од Сасуоло.