Арсенал и Тотенхем резмираа 2:2 во градското но и дерби на колото во Премиер лигата.

Екипата предводена од Покетињо успеа релативно рано да дојде до 2:0, прво Ериксен реализираше во 10 минута а потоа Кејн во 40 минута  од пенал ја зголеми предноста за гостите.

За 1:2 на полувреме се погрижи Лаказет во втората минута од судиското надополнување на првиот дел.

Во второто полувреме влегоа во игрта Себалјос и Михтарјан па Арсенал доби на креативност во редот за врска. Ова резултираше со гол на Обамејанг за 2:2 во 71 минута, резултат кој остана активен до крајот.