Пјер Емерик Обамејанг одново е топ тема меѓу навивачите на Арсенал, ова откако напаѓачот во разговор со неговиот брат реагираше на една порака од фан на „Топџиите“.

Од Обамејанг беше побарано да намигне доколку е решен да го продолжи договорот и да остане на „Емирати“. Разговорот беше реализиран преку социјалната мрежа Инстаграм.

Омабејанг со насмевка на лицето намигна, или само го искористи моментот да за да испрати порака до управата на Арсенал, ова е причината за виралното ширење на оваа информација.