Хаотичен и непредвидлив натпревар одиграа Арсенал и Астон Вила попладнево во Лондон.„Топџиите“ победија со 3:2 како увертира пред следниот сериозен предизвик во Премиер лигата.

Гостите два пати водеа, прво со 1:0 а потоа и со 2:1 но домаќинот не се откажа и покрај тоа што играше без исклучениот Најлс уште од 41 минута.

Чемберс израмни во 81 минута а Обамејанг со прекрасен гол од слободен удар реализираше три минути подоцна за трета победа на Арсенал во оваа сезона во елитата на „островото“.

Во следното коло Арсенал ќе му гостува на Манчестер Јунајтед.