Капитенот на Арсенал Пјер – Емерик Обамејанг стави крај на сите шпекулации околу неговата иднина, откако попладнево и официјално потпиша нов тригодишен договор со „топчиите“.

31-годишниот Обамејанг имаше важечки договор до крајот на оваа сезона и се шпекулираше дека би можел да го напушти лондонскиот премиерлигаш.

„Останувањето во овој посебен клуб никогаш не беше доведено под сомнеж. Овде е мојот дом“, изјави Обамејанг.

„Јас верувам во Арсенал.Заедно можеме да постигнеме големи успеси во иднина“, порача Обамејанг, кој беше меѓу стрелците во победата од 3-0 над Фулам во првото коло во Премиерлигата.