Арсенал со извонредно второ поливреме, ефикасно и со 3 гола го совлада Њукасл, важна победа за „топџиите“.

Обамејанг беше стрелец на два гола, првиот и третиот, еден е дело на Сака кога зголеми на 2-0. „Топџиите“ имаат 27 бода на 10 позиција на табелата, Њукасл остана на досегашните 19 и во моментот е на 15 позиција на табелата.

Арсенал е во серија од пет натпревари без пораз, запиша четири победи и еден нерешен во Премиер лигата.