Арсенал се пласираше во осминафиналето од Лига Европа откако ја совлада Бенфика со 3:2 во натпревар на кој гостинот во Лондон имаше предност од 2:1.

На ова следуваа головите на Тирни и на Обамејанг за победа од 3:2 и со вкупни 5:4, „Топџиите“ го заверија своето место во следната елиминациска рунда.

Пласман во осминафиналето обезбедија и Ајакс по победата над Лил од 2:1, Молде го шокираше Хофенхајм и по втор пат го победи овојпат со 2:0, Ренџерс го мина Антверпен со денешната победа од 5:2.

Шахтјор беше подобар од Макаби Тел Авив и со вкупни 1:0 обезбеди осминафинале каде што ќе игра и Виљареал откако „Жолтата подморница“ го победи Салзбург со 2:1.