Џејмс Харден на натпреварот во Хјустон Меѓу Баерн и Реал Мадрид седеше на трибините и го следеше мечот. Легендарниот кошаркар не носеше дрес  на ниту еден од двата клуба но стана јасно за кого навива по натпреварот.

Харден дојде во соблекувалната на Реал да се поздрави со играчите на Реал и јасно даде до знаење за кого навивал, Реал загуби од Баерн со 3-1, единствениот гол „кралевите“ го постигнаа пред крајот на мечот, погоди Родриго во 84 минута.