Одлуката на Горан Пандев да се повлече од репрезентацијата по последниот натпревар на Европското првенство за Македонија е една од главните теми не само кај нас туку и во фудбалот низ целиот свет.

Многу големи имиња преку социјалните мрежи му се поклонија на Горан Пандев, а на малите екрани можевме да видиме како во живо до Амстердам со аплаузи во репрезентативна пензија го испраќа големиот Весли Снајдер, со кого заедно играа во Интер и ја освоија Лигата на шампионите.

Најновото поклонување и покажување почит кон Пандев доаѓа од Турција, каде турска новинарка со потекло до нашиот бисер Охрид на чист на македонски јазик прави интервју со големиот Пандев. Станува збор за Сејхан Шашко, на која нашиот јазик и е добро познат, а во договор со нејзиниот телевизиски канал одлучија разговорот со легендата на македонскиот фудбал да оди на македонски јазик.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Seyhan Şaşko (@seyhansasko)