Штудгард победи со 2:0 на гостувањето кај Динамо Дрезден во 29 коло од 2 Бундес лига.
За одбележување е првиот гол на нашиот репрезентативец, Дарко Чурлинов кој влезе во игра во 57 минута и добро ја искористи шансата која ја доби од Матаразо, преводникот на Штудгард.
Штургард поведе во 18 минута, но поништување на сите амбиции на домаќинот да дојде до бод се погрижи Чурлинов во 88 минута.
JAAAAAA!!! Darko #Churlinov macht das 2:0! #SGDVfB 0:2 (88.) pic.twitter.com/ZwZj57J3HK
— VfB Stuttgart (@VfB) May 31, 2020
За Чурлинов ова беше четвртиот натпревар на кој доби шанса во првиот тим на Штудгард по трансферот од Келн во зимскиот преоден рок.
Штудгард со денешната победа го задржи второто место на табелата во втората Бундес лига.
Во следното коло Штудгард и Чурлинов ќе го дочекаат Оснабрик.
Comments are closed for this post.