Хрватска е речиси сигурна во следната фаза, откако Иван Перишиќ стрелаше за 3:1 против Шкотска. Играчот на Интер беше прецизен по одлично изведениот корнер од страна Лука Модриќ.

Токму капитенот на Хрватска беше стрелец на голот за 2:1, кој беше и повеќе од атрактивен.

Претходно за Хрватска отвори Никола Влашиќ.

А за израмнување за Шкотска стрелаше Калум МекГрегор.