Легендата на шпанскиот фудбал Икер Касиљас и преубавата новинарка Сара Карбонеро ставија точка на својот брак по пет години, а шпанските медиуми се занимаваат со договорот кој познатиот пар го потпишал.

Нивниот имот изнесува 350 милиони евра, но парите не биле најважен дел од договорот. Славниот голман и Сара Карбонеро имаат две деца, а шпанските медиуми пренесуваат дека старателството над нив ќе го има новинарката.

Седумгодишниот Мартин и 4 годишниот Лукас ќе живеат со својата мајка во семејниот дом, каде до неодамна живееше и Касиља, за кого не е познато сега каде сега точно живее.

Медиумите во Шпанија имаат поделени мислења, па едни пишуваат дека некогашниот голман живее во станот кој минатото лето го купи во Мадрид, додека други уверуваат дека живее во куќа од 300 метри квадратни која поседува базен и шест тераси.

Касиљас и Карбонеро многу брзо се договорија околу старателството, јасно е дека останале во добри односи. Икер и Сара заедно пребродеа и низа здравствени проблеми. Убавата новинарка се бореше со ракот, додека легендарниот голман доживеа инфаркт.

Касиљас и новинарката ќе останат запаметени од потегот на голманот во 2010 година, кога во тек на интервју на Светското првенство во Јужна Африка ја бакна убавата новинарка во живо пред камерата.